понедељак, 27. јануар 2014.

Жаклина Филипова Свеќаровска - Прости ми, Лизбет



Прости ми Лизбет
за тоа што сурово те лажев
дека никојпат нема да те оставам
и дека Месечината е небесна паричка
со која ќе се откупиме од вечноста
Прости Лизбет
што ноќта е ехо од чекори на секири:
ги сечат гранките од дрвјата
на кои ти врзував лулашки -
се колнам дека бев искрена
кога верував оти можам
да те залулам до ѕвездите
Прости ми, мила моја Лизбет,
знам, признавам,
ти ветив дека бргу ќе се вратам
но знаеш ли колку се матни вировите
кога ќе заврне свампирена кал?
Понекојпат ми доаѓаш во сон,
не е дека се обидувам да те тешам,
верувај, понекојпат твојата сенка
претрчува со срнешки чекори
Тогаш пак ми растат плетенки  -
се сеќаваш ли дека отсеков парче
од мојата панделка за тебе
и колку беше лута мајка ми?
Знам, залудно е што сега те барам,
но плима страв ме преплави до грлото,
а ти си толку малечка
( во детството бев речиси колку тебе!)
Сфаќам: и тебе веќе не ти е до игра
иако си кукла ...
Прости ми, прости ми, Лизбет!
 5. децембар 2013. 



Нема коментара:

Постави коментар